Граѓаните на украинскиот пристанишен град Одеса се подготвуваат за напад на руската армија.
Жителите напорно работат на поставување барикади со вреќи со песок. Го собираат по плажите и со него полнат вреќи.
„Тоа е за армијата. Ние сакаме да ги заштитиме нашите војници, нашиот град. Наша задача е да бидеме мирни и да наполниме вреќи со песок. Тоа беше мотото на Англичаните за време на Втората светска војна кога Хитлер ја нападна Британија. Тоа е она што го правиме сега”. граѓанин на Одеса, пренесува ДВ.
Градоначалникот на овој пристанишен град изјави дека руските сили наскоро би можеле да ја опколат Одеса од три страни.
Жителите натрупуваат вреќи на височина од неколку метри за да служат како барикади или со нив да ги заштитат спомениците на културата.
The Ukrainian port city of Odesa is bracing for a Russian siege.
Residents say they are “keeping calm and digging” as they fill up sandbags on the beach to be used as barricades. pic.twitter.com/6HaGikumoJ
— DW News (@dwnews) March 14, 2022
Имено, вреќи со песок можат ефикасно да ги сопрат куршумите и да заштитат од шрапнели.
Да потсетиме, денеска е 19-ти ден од руската инвазија на Украина. Руските сили почнаа да го гранатираат Киев, а пред неколку часа започна четвртиот круг мировни преговори меѓу Русија и Украина.
Новинар на Скај њуз, откако известуваше пред урната зграда во Киев, Оболон, отиде на, како што изгледа, ново место на руски напад. Ова е областа Куренивка, на три километри од Оболон.
„Се чини дека проектилот погодил градски автобус. До него има оштетено такси. Ова е исто така густо населена област. Во моментов има четири возила на брза помош на местото на настанот“, јави дописникот.
Локалните медиуми јавуваат дека едно лице загинало. Улицата во која падна проектилот се наоѓа на околу 6 километри додека врана лета од главниот плоштад во Киев.
Едно лице загина откако во Киев паднаа остатоци од соборена руска ракета (ФОТО)

