Граѓаните на Куманово вечерва по шести пат ќе протестираат против аболицијата

Сподели со своите пријатели

Граѓанското движење „Протестирам“ за вечерва повторно има закажано протестен марш по улиците низ градот, за да го искажат револтот од одлуката за аболиција на сите политичари осомничени дека сториле некако криминал.

Протестот ќе започне пред Основниот суд, а потоа ќе продолжи да се маршира по улиците низ централното градско подрачје, при што поголем број на улици ќе бидат привремено затворени за сообраќај.