Граѓаните можат да пријават штети од поплавите во Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Граѓаните на Општина Куманово може да поднесуваат барања за претрпена штета од поплави, доколку нивните објекти или земјоделски површини страдале од надојдените води по минатонеделните обилни врнежи од дожд.

Пријавувањето ќе може да се реализира во периодот од 16.03.2016 до 21.03.2016 до 14:30 часот, а ваквата одлука следува по вчерашниот состанот на Штабот за заштита и спасување при Општина Куманово.