Граѓаните кои трпеа штета поради превозот ќе добијат субвенции од општината (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Постапката за избор на превозници за јавниот превоз во Куманово е во завршна фаза, информираше денеска градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

Избрани се компаниите на тендерската постапка и согласно планот следната недела треба да бидат потпишани договорите.

Граѓаните кои беа оставени без јавен превоз од почетокот на годината, ќе добијат некаков вид на сумбенционирање на трошоците, најави денеска градоначалникот.

– На една од следните седници ќе излезам пред советот со предлог да се најде некој начин да се субвенционираат трошоците на граѓаните кои трпеа штета по семејните буџети поради законските и административните пречки на самата постапка. Тоа ќе значи некој вид на компензација за тие граѓани кои во минатиот период беа изложени на проблеми со јавниот превоз за тие линии за кои немавме изберено изведувачи, рече Димитриевски.

 

 

Доколку на крајот договорите не бидат потпишани поради одредени причини, Димитриевски најави дека општината ќе биде принудена да направи ребаланс на буџетот и да купни сопствени возила, но тоа ќе направи финансиски проблеми.

Loading...

– Таквата одлука дополнително ќе ни ја отежни развојната компонента и финансиската состојба во општината. Ќе мора да се вадат средства и пари планирани за развој на инфраструктура и да ги трошите за купување на превозни средства, рече Димитриевски.

Инаку претходно беше понитешна една од постапките откако оние превозници кои не беа избрани ја оспорија постапката пред второстепена комисија при Министерството за транспорт и врски, а за дел од линиите кон селските средини немаше никаков интерес.

Тоа ја примора општината да направи пакет линии, односно они превозници кои ќе ги добијат најатрактивните линии кон најголемите приградски населби ќе мора да имаат линии и кон одредени рурални подрачја.

Никола Ивановски / Стефан Младеновски