Граѓаните добија можност за откуп на неплатен работен стаж до 2008

Сподели со своите пријатели

Собранието на РМ денес ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кој се овозможува откуп на стаж.

Loading...

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов информира дека со законот се воспоставува можност за осигуреникот кој бил во работен однос, а има неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување за период до 31 декември 2008, сам за себе да изврши плаќање на придонесот и со тоа да оствари право од пензиското и инвалидското осигурување.

Се воведува и доброволна мерка во период од една година за поднесување барање до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за сите кои работеле во компании кои повеќе не постојат, односно до  Централниот регистар за да можат да го платат стажот  по повластена стапка  од 50 проценти од основицата за пресметка и плаќање на  придонесот.

Месечно тоа би чинело околу 2.800 денари. Ова група граѓани ќе може на некој начин да си го откупи стажот и истиот да влезе во основицата за пресметка на пензија во иднина, наведе Спасов.