Граѓанин на Прешево со фалсификуван ВИН број приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 14:10 часот на граничниот премин Табановце било приведено лице со иницијали Н.Ќ. (41), инаку жител на српскиот град Прешево, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При контрола на граничните служби било утврдено дека имало отстапување од оргиналноста на ВИН бројот на неговото патничко моторно возило марка „Голф“ при што полицијата се посомневала дека истиот е фалсификуван.

Лицето било приведено, возилото одземено, по што заедно биле предадени на Секторот за внатрешни работи Куманово за поведување понатамошна постапка.

 

Loading...