Градскиот затворен базен полека го добива финалниот изглед (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Вчера започнаа градежните зафати на отворениот градски базен, додека затворениот веќе е во завршна фаза, а поставена е целокупната техничка опрема која на кумановци ќе им овозможи рекреација и во летните и во зимските денови.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”337″]

 

Инвестицијата од 200 милиони денари од страна на Општина Куманово овозможи најсовремена техника на три генерации на затоплување, преку сончева енергија, гасна енергија и климоглобали кои од пареата ќе произведуваат електрична енергија.

Имаме најсовремена опрема за техничка обработка на вода, значи ќе има озонска обработка на вода, нема да има хлорирање, така да ставивме техника која е трендовска која е нјамодерна и која во моментов дава најголема сигурност за квалитетот на водата и за најисплатливо економско затоплување самиот базен со што мислам дека ќе има економска исплатливост во натамошното стопанисување – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

Освен пливачки капацитет комплексот ќе понуди и спортски хотел со околу 50 легла, заедно со ресторан, спортски продавници, а во приземјето градоначалникот најави можност за отварање на спа центри преку јавно приватно-партнерство, концесионирање или со одлука на советот подрумскиот дел може да оди на продажба за изградба на вакви центри.

Паралаелно со отпочнување на припремите за пуштање во работа ќе биде отпочната санација на апркингот, изградба на мало паркче во околината на базенот, дислокација на сите овие стари камиони е отпочната процедура. Сите градежни фирми кои имаат заземено градежен простор до крајот на април ќе бидат дислоцирани и тргнати, а овие забавни паркови кои се поставени без дозвола на локалната самоуправа има донесено решение за отстранување до крајот на месец април – истакна Дамјановски.

Зелениот простор околу базенот предвидува мали фонтани, како и летен амфитеатар, дел кон училиштето, а нивната изградба ќе биде во текот на летниот период.

Следната етапа ќе биде реконструкција и рехабилитација на Спротската сала, а најавувам дека имам сознание од мојот помошник на Секторот на комунални дејности и урбанизам, Момчило Јовановски дека од понеделник ќе отпочне изградба на две тениски игралишта кое ќе биде поддржано од Агенцијата за млади и спорт – вели Дамјановски.

Засега се уште траат преговорите кое јавно претпријатие ќе ја добие можноста да стопанисува со градскиот базен, трка во која учествуваат „Водовод“ и „Чистота и зеленило“.

Најголем процент од термините ќе бидат отстапени на училишните и клубските спортови, а помал дел ќе се отстапи за останатите граѓани на Општина Куманово.

Затворениот градски базен се очекува првите капачи да ги прими на 5-ти јуни, а отворениот од 15-ти до 25-ти јуни.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.