Градскиот базен – спас од летните горештини за кумановци (мегагалерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Отворениот градски базен во Куманово денес ги прими првите капачи, а кумановци во голем број токму тука побараа спас од летните горештини.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”402″]

 

Претежно млади тинејџери уживаа во новиот базен кој во Куманово ќе внесе свежина во вистинска смисла на зборот и ќе ја зголеми понудата за спорт и рекреација.

Како што истакнаа надлежните од Општина Куманово за два часа биле продадени вкупно 250 билети што зборува за интересот на граѓаните за овој комплекс.

Ваков објект му беше потребен на градот, инвестиција многу значајна за граѓаните на градот Куманово. Потенцираме дека цените се крајно популарни, за деца до седум години во присуство на родители е бесплатно, за деца до 14 години картата е 75 денари и за повозрасните тинејџери над 14 години картата е 150 денари. Денеска стартувавме, работиме до 18 часот, за викендот исто така, секој ден базенот е отворен ги повикуваме граѓаните да дојдат и да ги уживаат благодетите на овој објект кој е изграден од средствата на локалната самоуправа – рече Мартин костовски од Општина Куманово.

Инаку двајца спасувачи и тим од Црвениот крст ќе се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните кои ќе присуствуваат на базените, а во иднина ќе се организира и ноќно капење во зависност од временските услови.