Градскиот базен е затворен за да не се загрози работата на целото ЈП „Чистота и зеленило“, вели директорот

Сподели со своите пријатели

Сметките за струја и гас, двата клучни енергенси кои обезбедуваат работа на затворениот градски базен во Куманово, ќе изнесуваат 50.000 евра со новите покачени цени.

Loading...

Поради таа причина менаџментот на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ донел одлука привремено да прекине работата, за да не се загрози работењето на овој градски комуналец.

Како што образложи денеска директорот на „Чистота и зеленило“ Даниел Стојчевски пред членовите на Советот на Општина Куманово, смеките за струја минатиот декември биле до 300.000 денари, а за гас до 600.000, меѓутоа со новите покачувања на овие два енергенси таа сметка би достигнала три милиони денари месечно.

– Проектирана цена на гас добивме известување пред Нова година дека согласно Регулаторната комисија за енергетика, оди од 25 на 80 денари што е трократно зголемување. Сега јавното претпријатие не е на слободен пазар и користи електрична енергија од ЕВН и ја утврдуваат цената на дневно ниво, што значи во тој ден струјата може да е поскапа и до 10 пати, што значи дека јавното претпријатие би требало  да плати 1,5 милиони струја и исто толку за гас, што значи 3 милиони денари или 50.000 евра за енергенси, пет пати повеќе од претходните години, појасни тој.

Базенот, како и сите други од тој тип низ светот, појасни директорот работат со загуба, но таа загуба ја компензирала досега општината со цел децата од градот да можат да спортуваат и да се развиваат.

 

 

Loading...

Но, покачувањето на енергенсите би довело до енормни загуби што би можеле да го загрозат функционирањето на целото јавно претпријатие чија примарна цел е одржување хигиена во градот.

– Мислам дека ќе го загрозиме идното делување на јавното претпријатие, бидејќи во самите стакви за оваа година имаме предвидено цена што треба да ја исплатиме на годишно ниво од 4 милиони денари за гас, а веќе за јануари може да имаме 1,5 милиони денари па би се довело во прашање нормално функционирање во следниот период. Се до нормализирање на цените одлучено е базенот да биде затворен, појасни Стојчевски.

Тој упати жалење што децата нема да можат да ги користат услугите на базенот, но од граѓаните бара разбирање бидејќи, вели, мора да се одржи функционирањето на јавното претпријатие.

Советничката група на СДСМ побара разликата во таа покачена цена да падне на грбот на граѓаните, односно да биде покриена со субвенции од буџетот на Општина Куманово.

– Како советничка група на СДСМ по однос на оваа точка предлагаме да се донесе заклучок да се трансферираат средства од Буџетот на Општина Куманово за разликата на цената на гасот со што ќе се овозможи граѓаните да го користат градскиот базен, рече Јовановски.

 

 

Loading...

Сепак според директорот Даниел Стојчевски, базенот не е најголем проблем за граѓаните во овој момент, кога треба да започнат со работа училиштата на кои греењето им е потребно.

– Мислам дека затворениот базен не е најголем проблем па да се пренамнеат средства. Од први треба да започнат училишта на кои им е потребно греење, ако „Водовод“ не користи струја, може градот да се доведе без вода, има поголеми приоритети и ова прашање може да го сметам за популизам бидејќи се осврнувате на секундарни проблеми кои се проблем на користиците на оваа услуга, но има поголеми приоритети и не може ова да го сфатам никако освен популизам, рече Стојчевски.

Според советникот Јовановски, јавното добро не може да биде секундарна работа, без разлика колку граѓани го користат, на што директорот Стојчевски рече дека е недзоволиво да се крати од елементарни услови за живот на другите граѓани, кои би останале без можност да се изгради канализациска мрежа за да функционира базенот.

Советничката група на СДСМ достави предлог заклучок директорот Стојчевски за следната седница да подготви финансиски извештај колку средства се потребни за функционирање на градскиот базен, со цел тие пари да се трансферираат од општинскиот буџет и базенот да продолжи со работа.

Предлогот беше одбиен од страна на мнозинството во Советот, кои гласаа против и изгласаа одлука со која се задолжува градоначалникот да достави извештај за трошоци на енергенсите на јавните претпријатија, јавни установи и основни и средни училишта за следната седница и да се направи анализа споредбено со декември и јануари оваа сезона со следната.

Никола Ивановски