Градови на ангели, гревови и светлина… Како одредени места ги добиле своите прекари?

Сподели со своите пријатели

Колку пати сте слушнале или зборувале за Вечниот град, градот на светлината или градот на гревот? И дали знаете како тие градови ги добиле своите славни прекари?

Loading...

Некои градови прекарот го добиле според мноштвото туристи, а други од историјата.

Еве некои од најпознатите:

Вечниот град

 

 

Жителите на антички Рим верувале дека другите градови ќе растат и паѓаат, но дека нивниот ќе трае вечно, а нивните предвидувања се засновани на успешните резултати од војните што ги имало Римското Царство против своите непријатели.

Loading...

Можеби веќе не водат освојувачки војни како што правеле во античките времиња, но засега нивните предвидувања сè уште се точни бидејќи Рим сè уште гордо стои на светската мапа.

Град на светлината

 

 

Знаете со сигурност за кој град станува збор, но – дали знаете од каде Париз го добил тој прекар?

Имено, овој град бил пионер на јавното осветлување, а причината за тоа лежи во многу мрачна случка. Во текот на шеснаесеттиот век, до крајот на 17 век, денешниот романтичен Париз бил лулка на криминалот – грабежи и убиства.

Во првиот обид да се запрат ноќните злосторства, Собранието донело одлука со која граѓаните се обврзале ноќе да чуваат запалени свеќи на прозорците. Оваа мерка функционирала, но не доволно добро, сè додека францускиот крал Луј XIV не му наредил на началникот на полицијата во Париз, Габриел Николас де ла Рени, да го зголеми осветлувањето на градот за борбата против крадците и криминалците да биде поуспешна.

Loading...

 

 

Но, постои уште една причина зошто Париз ја носи таа титула. Таа е повеќе симболична и се однесува на улогата на Париз како главен град во просветителството.

Во 17 век, Габриел Никола де ла Рени вовел мерки за осветлување на сите улици, премини и улички.

Град со стотици кули

 

Loading...

 

Овој прекар е град во долината на реката Влтава, Прага. Тој го добил прекарот во 19 век, кога еден научник изброил сто кули во панорамата на градот. Денес, тој број надминва 500, но прекарот останал.

Град кој никогаш не спие

 

 

Loading...

Иако има неколку градови чии ресторани, клубови и кафулиња работат цела ноќ, со бучниот ноќен живот и трубите на таксистите, Њујорк некако го искористи тоа.

Песната на Френк Синатра, во која тој го овековечи како град што не спие, исто така многу помогна да се воспостави овој прекар.

Сепак, иако е веројатно и другите градови да имаат неколку прекари, Њујорк е исто така лидер тука – затоа што неговите двај се подеднакво популарни. Имено, градот кој никогаш не спие е познат и под прекарот Големо јаболко.

Главен град на мирот

 

Loading...

 

За градот во кој се родени Црвениот крст и Лигата на нациите, некако е логично да се носи овој прекар.

Се верува дека овој град, особено за време на модерната историја, бил водечки протагонист кога станува збор за активности што го промовираат мирот, а денес е дом на бројни агенции на ООН и непрофитни организации, поради што е домаќин на бројни конференции и дипломатски состаноци.

Претпоставувате, станува збор за Женева.

Loading...

Град на ангелите

 

 

Според некоја логика, прекарот би се однесувал на Рим, Ерусалим или на некој друг град што е повеќе поврзан со религијата во колективната свест. Сепак, титулата ја носи Лос Анџелес.

Необичното име настанало со скратување на оригиналното име на градот (Град на Богородица, Кралица на ангелите), кое пак потекнува од истоимената река.

Loading...

Така го нарекле шпанските колонизатори, а во очите на многу подоцнежни имигранти, градот навистина претставувал ангелска можност за нов живот.

Градот на гревовите

 

 

Loading...

Само во Америка: градот на ангелите и градот на гревот се оддалечени неколку часа еден од друг.

Иако во последните неколку години Лас Вегас се обидуваше да понуди поголема содржина за семејствата и малку да ја омекне репутацијата на градот за коцкање, алкохол и проституција – старите навики тешко умираат, а со нив и прекарите.

Leave a Reply