Градоначалникот на Лос Анџелес ја одби понудата да работи во администрацијата на Бајден

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети  изјави дека ја одбил понудата да работи во администрацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, заради пандемијата на новиот коронавирус.

Loading...

Гарсети, кој се споменува како можен кандидат за министер за транспорт во администрацијата на Бајден, рече дека со зголемувањето на случаите на Ковид-19 во вториот по големина град во САД, тој смета дека треба да остане градоначалник.

Гарсети, кој е во домашен карантин, откако неговата ќерка се тестираше позитивно на Ковид-19, истакна дека најголемиот број случаи на инфекција и смртни случаи се забележан во вториот по големина американски град во средата.

„Очекуваме да имаме повеќе мртви тела отколку што имаме простор за нив“, рече градоначалникот, додавајќи дека тоа го плаши.

Златко Шумковски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *