Градоначалникот Максим Димитриевски во посета на Нови Сад

Сподели со своите пријатели

По повод 270 години од ослободување на Градот Нови Сад (Србија) ,делегација од општина Куманово, сосатвена од Градоначалникот Максим Димитриевски, Претседателот на Совет на Општина Куманово, Атина Мургашанска  и раководителот на Сектор за Евроинтеграции во општина Куманово Горан Митевски, присуствуваа на свечениот прием кај Градоначалникот на Нови Сад – Милош Вучевиќ.

Градоначалникот Максим Димитриевски изрази благодарност за поканата и пријатниот пречек,  а во име на граѓаните на Куманово им го честита празникот на жителите на Нови Сад.

 

Loading...

 

Во рамките на посетата беше организирана и средба помеѓу Градоначалникот на Марибор Др.Андреј Фиштравец, Градоналникот Димитриевски и Градоначалникот на Нови Сад Милош Вучевиќ. На средбата се разговарало за реализација на идни заеднички проекти.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.