Градоначалникот Димитриевски стана магистар (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска стана магистар, откако го одбрани трудот на тема „Улогата на локалната самоуправа во услови на вонредна и кризна состојба со осврт на епидемија во Општина Куманово”.

Loading...

 

 

– Овој труд е сублимат на пракса и теорија во делот на менаџирањето на кризата со епидемија, истиот ги нотира сите позитивни активности но и пропустите во делот на менаџирањето со кризата,  постапките и недостатокот на позитивните законски прописи во брзо разрешување на кризните состојби, вели Димитриевски.

 

 

Loading...

Тој изрази надеж дека овој труд ќе даде свој скромен допринос во разработка на проблематиката и развојот на наставно научната теорија во оваа област со цел да се имплементираат идни подобри законски решенија кои ќе ги превенираат понатамошните предизвици и ризици во државата и општеството.

 

 

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *