Градоначалникот Димитриевски се возеше со бесплатниот автобуски превоз (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска се возеше на неколку релации со бесплатниот автобуски превоз.

Loading...

 

 

Како што вели, во таа прилика разговарал и со ученици, работници, пензионери и студенти.

– Навистина ми е драго што мерката за бесплатен јавен превоз е позитивно прифатена од сите граѓани и претставува вистинско олеснување на семејниот буџет за многу семејства, кои отворено го искажуваа своето задоволство, со многу позитивни коментари и предлози, вели градоначалникот.

 

Loading...

 

Димитриевски нагласува дека разговарал и со возачите од кои слушнал за нивните идеи и сугестии како може да се подобри услугата кон граѓаните.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

–  Забележав дека линиите кои ги користев немаат задоцнувања, а ја забележав и инспекциската контрола од Општината како активно ја следи редовноста на линиите, потенцира Димитриевски.

 

 

Првиот човек на градот додава дека подобрување на условите за граѓаните во сите сегменти останува приоритет.

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

Никола Ивановски