Градоначалникот Димитриевски се поклони пред гробот на Гоце Делчев (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Делегација на Општина Куманово предводена од градоначалникот Максим Димитриевски денеска положи свежо цвеќе на гробот на великанот Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Loading...

 

 

Заедно со Димитриевски пред гробот на великанот Делчев цвеќе положија и претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска и директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ и претседател на здружението „За наше Куманово“ Даниел Стојчевски.

 

 

Loading...

Претходно Димитриевски по повод 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на социјалните мрежи упати порака и честитка до граѓаните.

– Гоце Делчев е Македонија, Македонија е Гоце! Среќен празник Македонци! 151 година мотив, идеологија, непокор… Сите ние сме Гоце а тој е во секој од нас, напиша Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

 

 

Инаку Македонија денеска во тензична атмосфера го одбележува роденденот на Делчев поради провокациите од Бугарија и најавеното присуство на бугарски државјани во црквата каде почива револуционерот.

 

Loading...

 

Поради тие причини, дел од граничните премини, патарините и градот Скопје се под силно полициско обезбедување.

 

Никола Ивановски