Градоначалникот Димитриевски препорача до Владата воведување полициски час од 20 до 5 часот

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово побара од власта да воведе полициски час уште од вечерва на територијата на Општина Куманово.

Loading...

Полицискиот час, според предлогот на Димитриевски, би траел од 20:00 до 05:00 часот.

– Куманово како град ниту Македонија како држава не смееме да дозволиме да запре, должни сме да се бориме против оваа светско зло и верувам и убеден сум дека со сотанатите капацитети и човечкиот потенцијал ќе го надминеме овој проблем, паралено со тоа, општинскиот штаб за заштита и спасување и предложи на Владата, да воведе полициски час во општина Куманово уште од денеска од 20 часот до 5 часот и раните утрински часови, да се огрнаичи движењето на граѓаните и луѓето освен за лица кои имаат професионални потреби и кои ќе добијат специјални птореби и областувања додека трае полициски час, изјави Димитриевски.

Како што вели ќе продолжи со обезбедување храна и хигиенски препарати за најранливите категории граѓани во соработка со Црвениот крст.

Жали за одлуката за затворање на спортските игралишта, но како што вели тоа е една од мерките која во светот дала резултати за спречување на ширењето на Ковид-19.

– Жалам за оваа одука но ова е една од мерктие која ја применувале секаде во светот и дала сериозни резултати од носење на нова одлука. Тоа не значи дека улиците треба да се затворат за движење, но треба да се води сметка за држење растојание при движење на граѓаните, но кога луѓето одат особено најмладите на детско игралиште тогаш постои поголем ризик од блиски котнакти и евентуален пренос на вирусот, појасни тој.

Димитриевски побара екипите на СВР Куманово да постапат по одлуките на Владата за детектирање на сите граѓани кои се собираат во групи на плоштади, улици, паркови и викендици со цел да се намали ризикот од ширење на коронавирусот.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply