Градоначалникот Дамјановски упати честитка по повод Рамазан Бајрам

Сподели со своите пријатели

Во мое име, и во име на локалната самоуправа на Куманово, на сите граѓани од исламска вероисповед, им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам со желба за добро  здравје, мир, радост и успех во животот.

Loading...

Ваквите празници се момент кога се зајакнува толеранцијата, човечките, меѓукултурните и меѓуверските односи кај луѓето.

Мултиетничкото општество во кое живееме се одликува со почитување на различностите и заедничките цели и вредности кои ги споделуваме како граѓани на една иста општина.

Ви посакувам благослов, среќа и убави празнични денови за време на Рамазан Бајрам.