Јужна Кореја треба да изгради арсенал на нуклеарно оружје за да ја зајакне својата одбрана од Северна Кореја, дури и под ризик од меѓународни последици, рече градоначалникот на главниот град.
„Северна Кореја има најмалку десетици боеви глави. Дојдовме до точка каде што е тешко да ги убедиме граѓаните дека треба да се воздржиме од развивање нуклеарно оружје и да се држиме до целта за денуклеаризација“, изјави О Се-Хун за Ројтерс.
Поради подобрувањето на военото снабдување на Северна Кореја и сомневањата за посветеноста или способноста на САД да го заштитат Југот, се поголем број јужнокорејски претставници зборуваат за развој на нуклеарно оружје или за прераспоредување на американските тактички нуклеарни бомби и проектили кои беа повлечени од Корејскиот Полуостров на 1990-тите.
„Тоа може да биде почеток на нуклеарен домино ефект во Азија“
Истражувањата покажуваат и високо ниво на јавна поддршка во Јужна Кореја за некогаш незамисливата идеја за домашен нуклеарен арсенал.
Според анкетата објавена на 1 март од Data Research, повеќе од 70% од Јужнокорејците го поддржуваат развојот на нуклеарно оружје, додека 27% се против.
59% од испитаниците веруваат дека Северна Кореја веројатно би употребила нуклеарно оружје доколку избие војна на полуостровот.
Ли Санг-хјун, претседател на јужнокорејскиот институт Сејонг, напиша во извештај овој месец дека јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол не размислува сериозно за нуклеарна програма и дека враќањето на американското оружје е малку веројатно.
„Ако севернокорејската нуклеарна закана стане поочигледна и Јужна Кореја тргне по својот пат кон нуклеарен развој, тоа ќе сигнализира почеток на нуклеарен домино ефект во Азија“, напиша тој.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.