Градежници на „Гутев рид“ пронашле неексплодирана граната и панцирно зрно

Сподели со своите пријатели

Како што стои во дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи, вчера околу 8:45 часот во СВР Куманово било пријавено дека е пронајдено старо оружје од страна на градежни работници на местото викано „Гутев Рид“.

Loading...

При увид на експерти од МВР утрдено е дека при изведувањето градежни работи за реконструкција на железничката пруга, пронајдени се  неексплодирани една топовска граната со калибар 75мм и едно панцирно зрно со калибар  40 мм, најверојатно со потекло од Втората светска војна.

Истите се подигнати од пиротехничар при Дирекцијата за заштита и спасување од Куманово и се предадени на понатамошно уништување.