Градежен склад изгоре во пожар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Градежен склад викендов изгоре во пожар во кумановската населба Вера Которка.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во складот изгореле греди, даски и пелети, и покрај битката на петмина пожарникари кои со две противпожарни возила интервенирале во период од 17:20 до 19:45 часот.

Засега не се познати причините за избувнување на пожарот, ниту висината на настанатата материјална штета.

Викендов кумановските пожарникари интервенција бележат во во Зебрњак каде горело запалено стрниште. Тројца вработени во ТППЕ Куманово интервенирале со едно возило во период од 16:30 до 17:30 часот.

Leave a Reply