Град во Украина целосно исчезна под вода (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Илјадници луѓе веќе се евакуирани од делови на регионот Херсон, бидејќи водата продолжува да се спушта по реката Днепар, која ги дели териториите контролирани од Русија и Украина.

Loading...

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за уривање на браната Каховка со која се снабдуваше со вода Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година и е во област што украинските сили сакаат да ја ослободат.

Уривањето на браната предизвика зголемување на нивото на водата на реките Днепар, што предизвика илјадници цивили да ја напуштат потопената област поради стравувањата од еколошка катастрофа.

Тројца загинати во поплавите беа пријавени во Олешки под контрола на Русија. Токму во тој град ситуацијата е најтешка.

Градот беше речиси целосно поплавен, а по гранатирањето избувна шумски пожар.

Погледнете ги сателитски снимки од градот пред и по поплавата.

 

Maxar technologies

 

Loading...

 

 

Maxar technologies

 

 

Maxar technologies

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.