Град во кој алкохолот е поевтин од вода, а шопинг центрите работат деноноќно

Сподели со своите пријатели

Ако размислувате да патувате во Јужна Кореја, овој текст треба да ја зацврсти вашата желба и да ве наведе да купите авионски билет.

Loading...

Пред да го купите, почекајте уште малку за да се стабилизира ситуацијата во светот, а во меѓувреме уживајте додека го прочитате овој напис и да размислите за незаборавно патување во Сеул.

Ви пренесуваме неколку причини зошто треба да го изберете Сеул.

 

 

Скоро сè е отворено 24 часа

Никогаш нема да биде досадно во овој град. Зошто? Бидејќи скоро сè што можете да замислите за посетителите е отворено 24 часа.

Loading...

Мислиме ресторани, кафулиња, барови, спа и велнес центри, па дури и трговски центри. Значи, нема грижи и размислувања за времето таму.

Ќе јадете санаќи – жив октопод

Се прашувате за што станува збор? Не е за оние со мачнини и слаби стомаци. Санаќи е сашими октопод што се јаде не повеќе ниту помалку туку како сурова варијанта.

За да биде приказната уште подобра, октоподот што ќе го вкусите е жив.

Тие ќе ви послужат краци по кои пипците ќе продолжат да се движат, а оние кои сакаат такви бизарни работи треба да се упатат кон Рибарскиот пазар Норијанџин.

 

 

Loading...

Никогаш нема да ви биде ладно во рестораните

Рестораните во Сеул се познати по тоа што ќе јадете од маси кои се исклучително ниски, но има добра причина за тоа.

Вие дури нема да добиете стол, туку ќе треба да седите на подот. Причината за ова е што традиционалните ресторани сè уште ја ценат традицијата на подно греење за да ве стоплат.

Некои алкохолни пијалаци се поевтини од водата

Жителите на Сеул се крајни обожаватели на алкохолен пијалак наречен Соју. Пијалокот има неутрален вкус и наликува на водка, но нема да ве погоди толку силно затоа што има многу помалку алкохол.

Иако, можете да го најдете во варијанти кои се движат од 16 до 58 проценти алкохол, и интересно, овој пијалак во Сеул е поевтин од водата.

 

Loading...

 

Спа центрите се на понапредно ниво

Како што напишавме порано, бањите се претежно отворени 24 часа. Значи, ако не ви се допаѓа да спиете ноќе или ако не знаете што да правите преку ден, посетете го јимјилбанг, традиционална бања во која не смеат да влегуваат луѓе од различен пол.

Значи, жените и мажите уживаат одделно, а има и различни видови базени, масажи, сауни и заеднички спални соби. Но, пазете се, голотијата е задолжителна. Значи, нема костуми за капење и крпи.

 

Loading...

 

Ова се само некои од причините зошто треба да го посетите Сеул.

Некои од нив се чудни на некој начин, но сепак се привлечност за патувања и истражување.

Leave a Reply