Личниот готвач на поранешниот американски претседател Барак Обама се удави во близина на домот на семејството Обама во Масачусетс.
Телото на 45-годишниот Тафари Кембел беше пронајдено вчера.
Тој сè уште бил вработен во семејството Обама, кое не било на имотот во моментот на несреќата.
Поранешниот претседател и неговата сопруга Мишел изјавија дека Кембел е сакан дел од семејството.
Тој остана со нив откако ја напушти Белата куќа во 2017 година, каде што работеше како заменик готвач.
„Тој беше дел од нашите животи и нашите срца се скршени што го нема“, рекоа Обама, додавајќи дека Кембел е топла, смешна и исклучително љубезна личност.
Готвачот бил пријавен за исчезнат откако колега забележал дека Кембел не излегол на површина додека веслал.
Зад себе ги остави сопругата и момчињата близнаци.