Учениците од Средното општинско училиште „Перо Наков“ вечерва повторно репризно ќе ја изведат претставата „Госпоѓа министерка“ на сцената на кумановскиот театар.
Со својот врвен талент, но и кумановскиот дајалект веќе неколку пати го забавуваа кумановскиот аудиториум, но поради големата заинтересираност повторно вечерва по четврти пат е закажана реприза од истата.
Во актерската улога повторно ќе се најдат: Марија Коцевска, Дејвид Стоилковски, Милена Стојановска, Мартин Павловски, Димитар Петрушевски, Стефан Павличек, Јована Спасовска, Николај Павловски, Ивана Мадиќ, Гоце Хаџиски, Сара Спасовска, Столе Јаневски, Кристина Петрушевска, Катерина Стојмановска, а сите под менторство на нивните наставници Александра Георгиевска и Сашо Тодоровски.
Цената на билетот чини 50 денари, а хуморот е гратис.