Горивата од полноќ со нови цени

Сподели со своите пријатели

Нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе се продаваат по нови цени.

Loading...

Како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика, горивата поевтинуваат за 1,5 до два денари.

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 и Еуросупер 98 ќе се намали за два денари, со што новата цена ќе изнесува 62 денари за БС-95, односно 64 денари по литар за БС-98.

Еуродизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе поевтинат за 1,5 денари и ќе се продаваат по цена од 54,5, односно 43,5 денари.

Мазутот се намалува за 1,495 денари и ќе се продава по цена од 28,895 денари за килограм.

Никола Ивановски

Leave a Reply