Горилата Коко имаше свое обраќање до светот (видео)

Сподели со своите пријатели

Коко е родена во зоолошката градина во Сан Франциско во 1971 година, а совладувајќи го знаковниот јазик успеала да формира вокабулар со исто темпе како што би успеало дете со тешкотии при учењето.

Во изминатите 45 години Коко стана вистинска глобална сензација, неодамна се појави и во видео во кое посвојува неколку мачиња, при што со знаковен јазик успева да идентификува мачки и мачиња.

Сега Коко, како дел од кампнањата на француската организација „Noe Conservation“ е снимена како испраќа порака на луѓето ширум светот, потикнувајќи ги да станат свесни за својата одговорност за заштита на планеатата.

Во видеото Коко човештвото го нарекува глупо поради игнорирање на овие одговорности, притоа тврдејчи дека „Коко ја сака Земјата“.

Според „Горила“ фондацијата, Коко познава 1100 различни знакови, меѓутоа многу од нив се прилагодени со оглед на фактот дека таа не може да направи некои комплексни движења со рацете што можат луѓето.