Гори вилата на Бијонсе и Џеј Зи вредна 2,4 милиони долари: Се сомнева на подметнат пожар (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Избувна пожар во куќа вредна 2,4 милиони долари во Њу Орлеанс, за која се смета дека е сопственост на пејачката Бијонсе и раперот Џеј Зи.

Loading...

Државните записи во Луизијана покажуваат дека сопственикот на имотот е поврзан со Parkwood Entertainment, чиј основач е Бијонсе.

Во моментот на пожарот, куќата била празна, а полицијата започнала истрага. Засега се смета дека пожарот е подметнат бидејќи полицијата примила пријава за сомнително лице на споменатиот имот приближно во моментот кога избувнал пожарот.

 

 

 

Во полицискиот извештај се наведува дека избувнал пожар во кујната и дека била пронајдена конзерва бензин.

Loading...

– Ако не стигневме таму кога стигнавме таму, можеше да биде многу полошо. Тоа е историска зграда – рече портпаролот на противпожарната служба. Вредноста на вилата е околу 2,4 милиони долари.

Дури 22 лица го изгаснаа пожарот. Пејачката досега не се огласи за овој инцидент.

 

Leave a Reply