Гори термоцентрала во Русија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Голем пожар избувна во термоцентралата во рускиот град Перм.

Loading...

Снимките на кои се гледа густ облак од црн чад што се издига од термоелектраната Пермскаја ЦХПП-9 во централна Русија се рашириле низ социјалните мрежи.

Причината за пожарот сѐ уште не е позната.

Облак црн чад е видлив од целиот град, а руските медиуми јавуваат дека пожарот избувнал од покривот на електраната.

Очевидци за руски портал изјавиле дека виделе отворен оган во една од работилниците на електраната.

Руските државни медиуми јавуваат дека околу 500 луѓе биле итно евакуирани од зградата, пренесува Индекс.

Перм е оддалечен околу 2000 километри од Украина.

 

Loading...