Гори луксузен хотел во Истанбул (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пожар избувна во луксузниот хотел Кираган Палас во Истанбул, кој припаѓа на синџирот Кемпински и се наоѓа во зградата на поранешната Отоманска палата, јавуваат турските медиуми.

Loading...

Пожарот избувнал на четвртиот кат од хотелот, јавува Ројтерс.

Гостите и вработените во хотелот се евакуирани.

Причината за пожарот сѐ уште не е позната, а засега нема информации за повредени.

Палатата била изградена во 19 век од султанот Абдул Азиз и во голема мера била уништена во пожар во 1910 година.

Во 1980-тите беше реновиран и претворен во хотелски комплекс во стил на стара палата.

Тој е еден од најскапите хотели во Истанбул и често е домаќин на свадби.

 

Loading...