Гореше облакодер во Хонг Конг: Евакуирани околу 130 луѓе (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Околу 130 луѓе се евакуирани синоќа од трговскиот дел во Хонг Конг откако избувна пожар во облакодер, соопшти полицијата, додавајќи дека нема жртви.

Loading...

Пожарникарите рано утринава го изгаснаа пожарот во облакодерот и околните згради, а од другата страна на пристаништето беа видливи пламени јазици, пренесе Ројтерс.

Очевидци потврдиле за британската агенција дека пожарот зафатил неколку горни катови од пасијансот и дека пламенот малку се проширил на соседните згради.

Полицијата соопшти дека се уште не е позната причината за пожарот.

Пасијансот од 42 ката е проект на Empire Group и во него е сместен градскиот клуб на морнари, како и хотел, според веб-страницата на компанијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Градскиот морнарски клуб беше отворен во 1967 година за да обезбеди прифатливо сместување за морнарите кои минуваат низ Хонг Конг.

 

Loading...