Утрово во железничкото складиште во Доњецк беа запалени вагони со нафта.
Белоруската телевизија „Некст“ објави дека пожарот во железничкото складиште во Доњецк веројатно не бил диверзија на украинските сили, туку дека „пијаните руски војници“ се одговорни за предизвикување на пожарот.
Во прилогот на телевизијата „Некст“ се наведува дека војниците кои ги чувале вагоните запалиле оган да се загреат, но тој се проширил на вагоните и предизвикал голем пожар.
Властите во Доњецк соопштија дека пожарот е локализиран.
Нема официјални информации за висината на штетата и евентуалните повредени во овој инцидент.
„Некста“ наведува дека двајца војници кои учествувале во инцидентот се пренесени во болница.
An oil depot in occupied #Shakhtarsk, #Donetsk region caught fire. pic.twitter.com/GV3CXR2vep
— NEXTA (@nexta_tv) October 27, 2022
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.