Горан Трајковски по девет години заминува од функцијата директор на УЈП

Сподели со своите пријатели

Актуелниот директор на Управата за Јавни приходи, после девет години директорување со една од побитните државни институции заминува од функцијата, бидејќи, како што истакна премиерот Груевски, неговиот мандат завршува на 17 август.

Loading...

За таа цел, Владата распиша оглас со кој бара нов директор, а сите заинтересирани треба да се јават на конкурсот најдоцна до 18 август.

Трајковски стапи на функцијата директор на Управата за јавни приходи во 2006 година, и во време на стапување на функцијата најави остра борба со неплаќачите на данок по сите основи.

Новиот државен функционер, како што е наведено во огласот, мора да е државјанин на Македонија, во моментот на именувањето да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност, но и да има пет години работно искуство. Директорот на УЈП го именува и разрешува Владата, со мандат од четири години.

 За именување се објавува јавен оглас во три дневни весници.

Во моментов УЈП е и без заменик директор, откако пред две недели во Струга беше застрелан Аргетим Асани.

Во истовреме, Премиерот Груевски најави дека Владата е во потрага и по нов раководител на Инспекциски совет, откако Ванчо Каргов ќе замине на дипломатска функција.

Каргов пред да биде назначен за прв човек на Инспекцискиот совет, беше директор на Царинска Управа на РМ.

Loading...