Голема акција во Куманово, Липково и Желино. Уапсени седум лица

Сподели со своите пријатели

Управата за финансиска полиција денеска, под раководство на надлежен јавен обвинител, спроведе голема акција во која беа извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на Липково, Куманово и Желино.

Loading...

При акцијата од слобода се лишени седум лица, кои веднаш биле изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд, додека едно лице засега не е достапно на органите на прогонот.

Операцијата следи по двегодишна предистражна постапка што ја водела Управата за финансиска полиција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

– Се работи за сложена предистрага која опфаќа повеќе правни и физички лица, а целта е целосно разоткривање на криминална група која дејствувала подолг временски период. Групата е осомничена за сторување на кривични дела ‘Злосторничко здружување’, ‘Даночно затајување’, ‘Даночна измама’ и ‘Перење пари и други приноси од казниво дело’, со кои се стекнала со противправна имотна корист од над 430 милиони денари и со тоа предизвикала огромна штета на државниот буџет“, соопштија од Управата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Автомобили, автобуси и товарни возила изгореа во пожар во Куманово

Во акцијата учествуваа и припадници на специјалната единица САЕ „Тигар“, а истрагата за целосно расветлување на случајот продолжува.

Никола Ивановски