Голема акција на обвинителството и полицијата во Куманово, се вршат претреси

Сподели со своите пријатели

Во тек е полициско-обвинителска акција на повеќе локации во Скопје, Куманово и на неколку други локации.

Како што информираат од Основното јавно обвинителство, акцијата е поради сомненија за злоупотреба на службена должност.

– Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност, стои во соопштението на ЈОРСМ.

Повеќе информации оттаму најавуваат по завршување на акцијата.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сара Величковска со прва модна ревија во Куманово – „Walk of Power“