Голема акција на МВР во неколку градови, а приведени и судии?

Сподели со своите пријатели

Македонската полиција спроведува голема акција во моментов. Како што пренесува порталот Прес 24 повикувајќи се на полициски извори, приведени се повеќе лица кои се сомничат за серија кривични дела меѓу кои и нелегална трговија со дрога и оружје, лихварство, изнуди и криумчарење мигранти.

Loading...

Изворот на порталот наводно вели дека постојат сомненија дека групата соработувала со одредени судии во еден од судовите во Република Македонија. Од друга страна, Плусинфо повикувајќи се на изјава на Иво Котевски, тврди дека се апси и во Куманово.

Инаку, во тек е и полициска акција во Арачиново. Блиндирани возила и полиција од рано утринава се во селото, но засега нема информации дали овие апсења и акции низ неколку локации имаат било каква поврзаност.

Од МВР потврдуваат дека се спроведува голема акција, но со детали ќе излезат во текот на денот.