Голема акција на Координативното тело за интелектуална сопственост утринава во Куманово (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Координативно тело за интелектуална сопственост при Владата на Република Македонија утринава изврши повеќе контроли низ неколку објекти во Куманово, по претходен акционен план и пријави доставувани од страна на правни субјекти при што се запленети фаслификувани тренерки, како и компјутери без лиценциран оперативен систем.

Loading...

Инспекторите одзеле вкупно 35 компјутери од три правни субјекти, од кои едно итернет-кафе, поради тоа што немале лиценциран софтвер. Од страна на МВР ќе им бидат поднесени кривични пријави, а УЈП и Државниот пазарен инспекторат ќе превземат свои мерки со глоби кои се движат и до 10 илјади евра.

DSC_0006

Во два бутика во центарот на градот исто така инспекторите забележале повреда на индустриска сопственост за познати трговски марки, заштитени на светско ниво, при што биле одземени неколку ташни од брендовите Мајкл Корс и против нив исто така ќе бидат поднесени соодветни пријави.

DSC_0008

Предмет на контрола бил и зелениот пазар каде се одземени Адидас, Најк и Пума тренерки кои биле пронајдени на дел од тезгите.

DSC_0005

Претседателот на Координативно тело за интелектуална сопственост, Мите Костов изјави дека ваквите акции ќе продолжат да се спроведуваат со цел да се сузбие пиратеријата во Република Македонија.

Loading...

Ние како координативно тело и сите институции кои учествуваат во координативното тело продолжуваме со нашите силни напори за сузбивање на пиратеријата, корупцијата и девијациите од тој општествено-економски систем и се надевам дека ова ќе стигне до другите фирми, затоа што ако денеска не сме ги искотролирале сите во една блиска иднина пак ќе ги контролираме – додаде Костов.

 

Во акцијата биле исконтролирани три кабловски оператери во Куманово кои реемитуваат програми, но инспекторите не наишле на неправилности во нивното работење, затоа што ги имале сите авторски права за емитување телевизиски канали.

Со одредбите од Законикот на Република Македонија кршењето на авторски права со себе носи кривична одговорност и можност за казна затвор од три до шест години.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.