Голем протест во Полска: 70.000 земјоделци ги блокираа патиштата кон Варшава

Сподели со своите пријатели

Земјоделците во Полска кои протестираат против земјоделската политика на Европската унија и увозот на евтини жито и прехранбени производи од Украина ги блокираа влезните и излезните правци кон главниот град Варшава.

Loading...

Големиот протест, на кој присуствуваа околу 70.000 земјоделци, започна откако преговорите меѓу министерот за земјоделство Чеслав Шекиерски и групи земјоделци не дадоа никакви резултати, јавува Анадолија, полски медиум.

Десетици илјади земјоделци, реагирајќи на увозот на евтино жито и прехранбени производи од Украина и земјоделската политика на Европската унија, ги затворија патиштата за сообраќај поставувајќи барикади на приближно 600 различни точки, вклучувајќи ги и патиштата кои водат кон Варшава.

„Зелен договор“

Земјоделците во Полска одржаа демонстрации пред кабинетот на премиерот во Варшава на 6 март.

На неодамна спроведената земјоделска политика реагираат земјоделците во многу земји од Европската унија, особено во Германија, Франција, Италија, Шпанија, Холандија, Белгија, Полска, Унгарија и Грција.

Земјоделците ширум Европската унија протестираа во последните месеци и повикаа на промени во ограничувањата наметнати со Зелениот договор, план за борба против климатските промени.

Истовремено, тие бараат повторно воведување тарифи за увоз на земјоделски производи од Украина, кои беа напуштени по руската воена агресија во 2022 година.

Земјоделците ја критикуваат ЕУ бидејќи „го отежнува земјоделското производство со воведување строги правила за употреба на јаглеродни ѓубрива и пестициди во рамките на Зелениот договор“.

Loading...