Голем протест на денот на убиството на Мартин Нешковски (видео)

Сподели со своите пријатели

Чичко и мајка на починатиот Мартин Нешковски, денеска до Основното Јавно Обвинителство, поднесоа кривични пријави против четири лица, и тоа против поранешната министерка на МВР,  Гордана Јанкуловска, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и против член на обезбедувањето Дејан Митревски – Урко и премиерот Никола Груевски.

Loading...

Сашо Петрески, чичко на Нешковски, денес даде и изјава за новинари во која за утре, 6 јуни, покрај образложувањето зошто семејството поднесува кривична пријава, го најави и закажаниот голем протест против полициска бруталност и одбележување на годишнина од смртта на младото момче од Скопје.

Како што јавува порталот НОВА, новинарите кои стоеле пред ОЈО во обид да се сокријат од дождот, биле избркани од обезбедувањето, без притоа да образложат зошто новинарите пречат ако уредно се застанати пред влезот на Основното Обвинителство.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.