Голем пожар во Студена бара, во гаснењето биле вклучени и мештаните

Сподели со своите пријатели

Во изминатото деноноќие селото Студена Бара било зафатено од поголем пожар кога се запалила сува трева и борова шума, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Цели три часа осуммина пожарникари со три противпожарни возила и мештаните од селото учествувале во локализирање на огнената стихија. Некаде околу 16 часот пожарникарите по примениот повик излегле на терен, а интервенцијата била завршена дури околу 19 часот.

Но, запалена сува трева горела на уште една локација, на улицата „АВНОЈ“ во населбата Гоце Делчев интервенирале тројца пожарникари во период од 19:05 до 19:55 часот.

Причините за избувнување на пожарите, но и површината која што била зафатена од огнот засега не се познати.

 

Loading...