Голем пожар на Закинтос (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Големиот шумски пожар во шумите во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола, при што пожарникарите цела ноќ се борат со огнот.

Loading...

Авионите се вклучени во гаснењето уште од утрово.

Куќите во селата засега не се во опасност затоа што голем број пожарникари го опколија селото за да го заштитат населението и куќите, пренесува грчки Катимерини.

https://www.facebook.com/ermisnews.gr/videos/461206307799371/

На пожарникарите на Закинтос им помогнале околу 120 колеги од 45 возила од цела Грција.

Пожарот во Закинтос избувнал вчера околу 11 часот.

Друг голем пожар во Грција, во близина на одморалиштето Лутраки, 81 километар западно од Атина, исто така не е локализиран, но надлежните се оптимисти и веруваат дека денес, кога ветровите ќе ослабнат, ќе успеат да го стават под контрола.

„Евакуиравме околу 300 жители и туристи од селата Кери и Агалас поради мерките на претпазливост“, рече портпаролот на противпожарната служба за Ројтерс.

Повеќе од 100 пожарникари со 28 пожарникари се борат со пожарот, а во неделата беа ангажирани и два хеликоптери и четири канадери.

Loading...
https://www.facebook.com/ermisnews.gr/videos/1350699778414794/

Пожарникарите добиле повици за повеќе од 70 пожари во последните 24 часа.

Leave a Reply