Голем пожар беснее во Шпанија, илјадници евакуирани

Сподели со своите пријатели

Во пожарот на шпанскиот остров Гран Канари изгореа растенија на површина од 1.000 хектари, а евакуирани се и илада жители.

Loading...

Владата на Канарските острови соопшти дека околу 200 пожарникари, со помош на 10 авиони, се обидуваат да го стават под контрола пожарот кој избувнал од засега непознати причини.

Во таа област се испратени и припадници на воена единица специјализирана за гаснење пожари.

Шпанската државна телевизија јавува дека жителите се евакуирани поради внимателност и дека огнот не зафатил куќи.

На снимките се гледа пожар на ридот и во близина на едно населено место.

Leave a Reply