Голем метеж пред ДИК откако Димитриевски почна да собира потписи за независна кандидатура (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Голем број кумановци од рано утринава се пред подрачната единица на Државната изборна комисија во Куманово откако Максим Димитриевски денеска започна да собира потписи за независна кандидатура за градоначалник на Куманово.

Loading...

 

 

Граѓаните чекаат ред за да стават потпис на независната кандидатура што ја објавува Димитриевски.

 

 

Loading...

Димитриевски поднесе кандидатура до својата матична партија СДСМ која се уште нема објавено име на кандидатит за најголемата општина во Македонија.

 

 

Сепак внатрепартиските информации велат дека тој нема да ја добие поддршката, откако дел од раководството изразило големо спротивставување за негов реизбор.

 

 

Loading...

Димитриевски потписи ќе собира и за независна листа советници.

Повеќе детали Димитриевски ќе соопшти на прес конференција во текот на денот.

 

Никола Ивановски