Голем број кумановски фирми и натаму на црната листа на УЈП

Сподели со своите пријатели

Управата за јавни приходи и овој месец ја објави „црната листа“ на физички и правни лица кои должат енормни суми на пари за данок и други побарувања кои треба да ги платат кон Управата. На листата се наоѓаат и фирми од Куманово.

Прва на листата е НАМА А.Д. Куманово која е на 24-то место од листата, а должи вкупно 88.409.152 денари. Компанија која е во стечај веќе низа години. Следната кумановската компанија е на 46-то место, ХУЉУСИ-КОМЕРЦ  ИСМАИЛ Д.О.О.Е.Л. село Черкези, Куманово со долг од 47.873.162 денари.

Со долг од 34.195.059 денари 70-та позиција припаѓа на КИК А.Д. Куманово, а само на девет позиции подолу со долг од 30.360.941 се наоѓа ВИКТОР МАНЕВ ВИКТОР Д.О.О.Е.Л. Куманово. Што се однесува до физички лица најголем долг од 20.290.694 има Ѓоршриески Душан Мартин, кој го зазема 121 место од табелата на УЈП.

Следни на листата со милионски долгови се АЛМИ – ПЕТРОЛ Д.О.О.Е.Л. Куманово со долг од 17.251.361 денари, ДС ИСКРА СТИЛ КОНСТРАКШН Д.О.О. Куманово со долг од 17.174.920 денари. Со долг од 16.355.201 денари е ИСКРА КЕН-Е.К Д.О.О.Е.Л. УВОЗ-ИЗВОЗ Куманово.

ЖИТО ФАРМ ГОРАН Д.О.О.Е.Л. Куманово со долг од 14.563.124 денари, ШМЕКИ КОМ Д.О.О.Е.Л. ЕКСПОРТ-ИМПОРТ Куманово со долг од 11.320.670, следна е АСТРОИДА 99 ПАРАСКЕВА Д.О.О.Е.Л. УВОЗ-ИЗВОЗ Куманово со долг од 10.689.139 и многу други.

Што се однесува од јавните претпријатија на 552то место со долг од 3.965.058 денари се наоѓа и Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, додека пак од државните во самиот врв е Македонија пат со долг од рекордни 425.280.202 денари, но и Македонија шуми со долг од 196.303.934 денари. Македонската радио телевизија исто така е меѓу најголемите должници до долг од 92.524.718 денари.