Годишната стапка на инфлација во Русија во декември забави на 7,42 отсто

Сподели со своите пријатели

Годишната стапка на инфлација во Русија забави на 7,42 отсто во декември од 7,48 отсто во ноември, објави Централната банка на Русија (БР), пренесува Танјуг.

Loading...

На месечно ниво, цените во декември минатата година се зголемени за 0,73 отсто во однос на ноември, додаваат од Банката на Русија.

Во четвртиот квартал од 2023 година, цените во Русија пораснаа за 8,7 отсто на годишно ниво, пренесува Комерсант.

Инфлацијата во Русија се уште е висока за широк спектар на стоки и услуги, пред се поради силната домашна побарувачка, што покажува дека е неопходно да се продолжи со спроведување на строга монетарна политика, наведува Банката на Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

„Со спроведувањето на сегашната монетарна политика, годишната стапка на инфлација во Русија ќе се намали и ќе биде во опсег меѓу четири и 4,5 проценти во 2024 година“, се заклучува во анализата.