Годишен концерт на КУД ”Српски вез” по повод вториот роденден

Сподели со своите пријатели

По повод двегодишното постоње на КУД ”Српски вез”, во сабота /31 октомври/, со почеток од 19 часот, Културно – уметничкото друштво ќе одржи целовечерен концерт во големата сала на Центарот за култура “Трајко Прокопие”.

Loading...

На концертот ќе се претстават сите групи од Српски вез, и тоа најмалата со кореографија ”Левач”, средната група со кореографија “Игри од Пчињски регион” и првиот ансабмл со два сплета, и тоа ”Кумановско Поле” и “Шумадија”.

На концертот ќе настапи и огранокот од Старо нагоричане со игри од Србија и ќе ги промовира новите носиии сошиени од работилницата.

Специјални гости ќе биде Културно – уметничко друштво од Врање ”Севдах” кое ќе се преtстави со две свои кореографиии.

Вечерта ќе ја дополнат и солистите од Гордана Кузмановска и Дејан Петковски. Најавени се многу гости од Србија, поточно Културно уметнички друштва од Белград, Сурдулица, Бујановац, од Скопје и Велес, како и градоначалникот на Врање и на Босилеград од Србија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.