Годинешното лето најтопло некогаш забележано во Европа

Сподели со своите пријатели

Летото 2022 година, од јуни до август кога имаше повеќе катастрофи поврзани со затоплувањето на климата, беше најжешкото забележано во Европа, објави денеска Европската служба за климатски промени Коперникус.

Loading...

Просечните температури беа највисоки и за месец август и за цело лето, а во тие три месеци ја надминаа температурата од 0,4 степени од 2021 година, кога беше забележан претходниот рекорд, соопшти Коперник.

Температурата беше околу 1,34 степени целзиусови над просекот за сезоната 1991-2020 според Коперник.

Само за месец август, температурите беа „убедливо највисоки забележани“ и беа за 1,72 степени Целзиусови повисоки од просекот од 1991 до 2020 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза

„Серијата интензивни топлотни бранови низ Европа во комбинација со необични сушни услови доведоа до лето со екстремни температури, суши и пожари“, рече Фреја Вамборг, научен офицер на Европскиот институт во соопштението.

Таа потсети дека претходниот рекорд бил пред само една година.