Го заборавиле кучето на бензинска: По 26 дена и 60 километри само се вратило дома!

Сподели со своите пријатели

Верното куче, кое сопственикот го заборавил на бензинската пумпа, за 26 дена поминало 60 километри до куќата, пренесоа кинеските медиуми.

Loading...

Кучето Дау Дау, на возраст од седум и пол години, случајно го оставиле на бензинската пумпа, а семејството само по неколку часа забележало дека тој не е во автомобилот, објави „Дејли меил“.

Зошто кучињата прават одредени работи кои нам не ни се јасни?

Еден месец, Дау Да се ​​обидувал да стигне до сопственикот, кој останал без надеж дека некогаш ќе го види своето куче.

Кога се вратило дома, миленичето било целосно исцрпено и прашливо.

Кију, сопственикот на ова куче, за локалните новинари изјави дека претпоставувал дека Дау останал во автомобилот додека тој и неговата сопруга го барале детето, кое за кратко се изгубило.

Следниот ден се вратиле да го земат кучето на бензинската пумпа и го барале миленичето два часа, но се откажале.

Доказ дека мачките и кучињата можат да бидат најдобри пријатели (ВИДЕО)

Loading...

„Се надевавме дека преживеало и дека луѓето со добро срце го посвоиле“, изјави Кју за „Кијунџианг ивнинг њуз“.

Кога Дау Дау се ​​појавил на прагот по скоро еден месец, семејството не можело да поверува.

„Тој беше скоро непрепознатлив, бидејќи изгубил многу тежина, но сепак беше стариот. Можеше да го забележите тоа во неговите очи, тој блескаше”, додаде Кију.

 


Leave a Reply