Го викаат „Ангел на смртта” поради она што им го правел на пациентите: Медицински техничар убил 85 луѓе (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Медицински техничар и сериски убиец од Германија наречен „Ангел на смртта“ е осуден на доживотен затвор за убиство на 85 пациенти. Нилс Хегел ќе сведочи пред судот против седуммина негови колеги кои се обвинети дека ги игнорирале неговите злосторства, пренесува Мирор.

Loading...

Нивното судење започна во четвртокот во Олденбург, во кое учествуваа тројца лекари, три постари медицински сестри и поранешен шеф на клиниката, кои наводно „гледале на другата страна“ додека Хегел инјектирал смртоносна доза лек на беспомошните жртви.

 

 

Обвинетите не се именувани, но наводно сите се на возраст од 60 до 77 години и работеле како надзорници на Хегел во најмалку две здравствени установи. Нив ги застапуваат 18 адвокати.

Осуммина обвинети требаше да бидат на обвинителна клупа, но еден од нив е тешко болен и не може да му се суди, а постапката против него сега е одвоена од другите, објави во понеделникот Окружниот суд во Олденбург.

Обвинителот изјави дека обвинетиот не интервенирал за да ги спречи убиствата од две причини.

Loading...

„Тие беа загрижени за добрата репутација на клиниките и се плашеа да не бидат обвинети за малтретирање и лажни обвинувања“, рече обвинителот, објаснувајќи како се прикривале ужасните злосторства.

 

 

Но, адвокатите на обвинетите не се согласија, велејќи дека никој од обвинетите тогаш не можел да разбере кој се крие зад маската на еден многу ревносен, но љубезен медицински техничар.

– Хегел ги измами сите. Дури и поранешното јавно обвинителство со години претпоставуваше дека Хегел извршил само едно убиство – изјави еден од адвокатите на одбраната.

Како резултат на тоа, Хегел продолжил да работи во старечки домови и клиники во Делменхорст и Олденбург помеѓу 2000 и 2005 година. Тој наводно уживал во обидите за реанимација на пациентите, но многу малку преживеале.

 

Loading...