Го уништиле најголемиот стаклен замок во светот, сега ќе плаќаат казни

Сподели со своите пријатели

Според медиумите, родителите ја презеле одговорноста за надомест на штетата направена од нивните деца кои со искачување преку заштитната ограда и туркање низ просториите на музејот успеале да го скршат најголемиот стаклен замок во светот.

Loading...

Замокот Фантазија, направен според примерокот на замокот на Пепелашка, најголемата атракција во познатиот свет на Дизни во Флорида, а ист иа и во во Токио, бил подарок за музејот.

Го изработил Шпанецот Мигел Арибас, стаклорезец на кој му биле потребни повеќе од 500 часа за да го направи замокот украсен со злато.

Тежел 60 килограми и се состоел од повеќе од половина милион стаклени парчиња, пренесува британски Мирор.

Беше изложен во Шангај.

Музејот го доби како подарок по повод пет години постоење, од браќата Арибас кои имаат работилница за производство на стакло и кристални украси кои се продаваат во парковите Дизни ширум светот.

Музејот изјави дека тие ги информирале Арибас за штетата што ја направиле децата на 30 мај, но тој не можел да дојде во Шангај заради коронавирусот и да види дали и што може да се спаси.

 

Loading...

Leave a Reply