Го уапсиле затоа што бил пијан, но тој воопшто не пиел! Објаснувањето ги шокирало сите!

Сподели со своите пријатели

46-годишен маж бил уапсен од полицијата во Северна Каролина поради возење во алкохолизирана состојба, имал алкохол во крвта, но воопшто не пиел.

Loading...

Тој бил уапсен и однесен во болница, откако одбил да направи тест за алкохол, кога и рекол на полицијата дека не пиел.

Имено, по неговото апсење е откриено необично нарушување, од кое страда – стомакот произведува – пиво.

Тестирањето покажаlo дека тој имал еквивалент на 10 алкохолни пијалоци во телото и му бил дијагностициран синдром наречен „авто-пиварница“ (ABS), состојба која предизвикува стомакот да произведува високи нивоа квасец.

ABS, исто така познат како синдром на цревна ферментација, се јавува кога габите во гастроинтестиналниот тракт ги претвораат јаглените хидрати во алкохол, пренесува Daily Record.

Неименуваниот приведен возач им кажал на лекарите дека веќе три години доживува атипични промени во личноста – вклучувајќи депресија, збунетост, губење на меморијата и агресивно однесување.

Поради ова, тој земал и антидепресиви.

Гастроентерологот д-р Фахад Малик од Медицинскиот центар на Универзитетот Ричмонд во Њујорк, кој го лекува човекот користејќи анти-габични терапии и пробиотици, рече дека е можно антибиотиците да го предизвикаат овој синдром.

Loading...

„Полицијата, лекарите, медицинските сестри, па дури и неговото семејство, сите му зборувале дека ги лаже и дека тој мора да пие во тајност“, рече лекарот.

Човекот не зема антидепресиви сега, тој се вратил на работа и конечно живее нормален живот.

Leave a Reply